На 27.04 (вторник), Вардар ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во СЕХА-лигата. Црвено-црните ќе гостуваат на екипата на Војводина. Во зависност од конечниот исход од овој натпревар, Вардар ќе заврши на второто или третото место во групата.
Екипата на Мотор Запорожје го освои првото место во нашата група. Вардар и да победи против Војводина ќе се израмни според бројот на освоени бодови со украинскиот шампион, но Мотор е подобар во меѓусебниот дуел со Вардар.
Во зависниот од конечниот пласман на табелата, доколку завршиме на второто место ќе играме директно во 1/4 финалето против екипата на Веспрем, но доколку загубиме во Војводина ќе бидеме третопласирани во групата. Во тој случај ќе почнеме од 1/8 финалето и двомеч со екипата на Татран Прешов.
Натпреварот против Војводина ќе стартува во терминот од 17.00 часот. Вардар го доби првиот дуел во Скопје со резултат 25:21.