РК Вардар 1961 е во сериозни преговори во своите редови да го донесе репрезентативецот на Египет, Хасан Кадах.
Се работи за талентиран лев бек кој на Светското кадетско првенство во 2019 година во нашата земја беше најдобар стрелец со 51 постигнат гол. На последното Светско првенство на Македонија и даде шест гола од исто толку обиди и беше избран за играч на натпреварот.
Кадах накратко за ,,Вардар Фанс” рече дека се надева дека ќе дојде во клуб каков што е Вардар. Доколку дојде до овој трансфер, сигурно дека ,,црвено – црните” ќе добијат екстра засилување за идната сезона.
Вардар до овој момент се засили со Кудуз, Томовски, Чувара, Гурбиндо и Ѓукиќ.