Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Војводина дојде до победа над РК Вардар
Војводина дојде до победа над РК Вардар

Војводина дојде до победа над РК Вардар

РК Вардар 1961  го одигра последното коло во групната фаза од регионалната СЕХА лига. Избраниците на Алушовски Стевче  гостувааа во Нови Сад, кај екипата на РК Војводина и беа поразени со 33-24 (16-10)

Вардар отвори со гол на Калараш, домаќинот врати и изедначи на 1-1. Двата тима беа постојано резултатски блиску се до 16.минута кога со погодокот на Дибиров поведовме со 8-9. Следеа минути на домаќинот до одморот тие беа во налет и погодија 8.пати во нашата мрежа, ние вративме со само еден гол преку Калараш. На одмор заминавме ос негатива од шест погодоци, на семафорот беше 16-10 за домаќинот на оваа средба.

Преку Томиќ во 32.минута прв пат Војдовина поведе и со осум гола (18-10), потоа ние ублаживме. Шесте кадети кои беа во составот на црвено-црните денес почнаа да добиваат шанса и да ги постигнуваат своите дебитански голови на овој дуел. На седум минути до крајот повторно српскиот тим отиде на осум плус (30-22) преку Миленковиќ.

Kaj нас први стрелци беа руските интернационалци, Дибиров даде 9 , а  Калараш  7 погодоци. Јотиќ погоди во 4.наврата.