Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат патот за Вардар до Ф4 турнирот во СЕХА-лигата
Познат патот за Вардар до Ф4 турнирот во СЕХА-лигата

Познат патот за Вардар до Ф4 турнирот во СЕХА-лигата

Вардар го загуби последниот натпревар во групната фаза од СЕХА-лигата и на тој начин го дозна патот до завршниот турнир во ова натпреварување.

Можеби и „тактички“ бевме поразени на натпреварот против Војводина, избегнувајќи го тимот на Веспрем, во четвт-финалето, екипа која според составот важи за најголем фаворит за освојување на СЕХА-лигата за оваа натпреварувачка сезона. Вардар заврши на третото место во групата, зад екипите на Нексе и Мотор Запорожје и избра да започне од осмина-финалето.

Во оваа елиминациска рунда ја очекува натпревар против екипата на Металопластика, двомеч на кој вардарци не треба да имаат никакви проблеми околу патникот во следната рунда, а таму во 1/4 финалето треба да не очекува тимот на ППД Загреб, кој најверојатно ќе заврши на првото место во групата А.

Интересно е тоа што осмина-финалните натпревари ќе се одиграат во мај, додека дуелите од 1/4 финалето се закажани за месец август, а на почетокот на месец септември е предвиден да се одигра завршниот турнир на најдобрите четири екипи во градот Задар.

Доколку Вардар ја помине Металопластика, во 1/4 финалето со Загреб ќе игра со изменет состав, односно со новите засилувања кои се официјално потврдени, како и без играчите кои веќе најдоа нов клуб. Типичен пример е Иван Чупиќ, кој во август ќе биде дел од Загреб и веднаш ќе се судри со Вардар, клуб во кој ќе игра уште еден месец.