Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Матеј Трајановски и Никола Спасовски дебитираа за првиот тим
Матеј Трајановски и Никола Спасовски дебитираа за првиот тим

Матеј Трајановски и Никола Спасовски дебитираа за првиот тим

Во рамките на последното коло од групната фаза во СЕХА, Вардар беше поразен на гостувањето кај екипата на Војводина.

На овој натпревар во составот беа и шест играчи кои се дел од кадетската екипа на клубот, а двајца добија минутажа и шанса да го запишат својот деби настап за првиот тим. Се работи за голманот Никола Спасовски и десното крило, Матеј Трајановски. Во листата на стрелци се запиша Трајановски кој успеа да постигне еден гол за 15 минути поминати на теренот во Нови Сад, додека Спасовски  имаше две интервенции зад своето име.

Вардар настапи без голем број на играчи на овој натпревар, но затоа овој дуел ќе го паметат Матеј и Никола, кои ја почувствуваа СЕХА-лигата.