Полусезоната заврши, па акцент се става на новите засилувања, и зимските подготовки. Есенските шампиони заминаа на одмор, но сеуше не е познато кога играчите на ФК Вардар ќе се појават на првиот тренинг по нова година, и каде ќе ги минат зимските подготовки. Поради лошата состојба на државата Турција (Анталија) ФК Вардар ќе замине на подготовки во друга земја. ФК Вардар сеуште размислува каде, а најспоменати места се Кипар и Шпанија.
Останува да видиме што ќе одлучи Управата на ФК Вардар. Инаку, оваа пролет ПМФЛ започнува малку порано, од 21-ви февруари.