Желбата со која е основана вардаровоата “Јуниор лига“ е сите млади дечиња од академиите кои се под нашиот црвено-црн тим да може да се натпреваруваат во лига систем. Со можноста да играат организирана лига која ги исполнува сите критетиуми за лигашко натпреварување младите ракометни надежи ќе можат да ги научат основите на ракометот, вистински ќе се насочат и ќе имаат шанса низ што е можно повеќе мечеви да го покажат она што го научиле низ тренинзите.
Вардарата ракометна “Јуниор лига“ е така замислена да функционира по системот според кој функционира која било друга лига. Во самите натпревари се сретнуваат децата кои се поделени во своите возрасни категории, играат по системот секој против секој во групите со по шест екипи, а во категориите во кои има осум екипи се делат на две групи, исто така секој против секој. На крајот од сезоната се игра Ф-4 завршен турнир . Вкупно треба да има одиграат 286 натпревари во сите категории. Еве го распоредот за цела сезона 2015/16 :