Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Фк Вардар со успех го завршија есенскиот дел од сезоната, комплетен преглед на нивните резултати во домашните натпреварувања
Пионерите на Фк Вардар со успех го завршија есенскиот дел од сезоната, комплетен преглед на нивните резултати во домашните натпреварувања

Пионерите на Фк Вардар со успех го завршија есенскиот дел од сезоната, комплетен преглед на нивните резултати во домашните натпреварувања

Пионерите на Фк Вардар го завршија првиот дел од сезоната на второто место на табелата, со само еден бод заостанување зад моменталниот лидер, екипата на Шкупи. Оваа црвено-црна генерација забележа вкупно осум победи, еден нерешен резултат и два порази. Одлично ја започнавме сезоната, каде по четири одиграни кола имавме максимално освоени 12 бода. Успешно беа поминати градскиот ривал, екипата на Работнички и вечниот ривал од Битола, тимот на Пелистер. Шкендија беше прва која ни застана на патот, кон продолжување на победничкот триумф. На домашен терен бевме поразени со еден од конкурентите за тирулата, со минимален резултат од 0:1. Ако е утеха од овој пораз, беше тоа што на овој меч настапивме без нашите двајца главни играчи, тоа се капитенот Елвир Рамиќ и главниот голгетер Марко Ѓорѓиевски. Брзо се опоравивме од овој “шок“ па со исти стил, овој пат возвративме на противникот кој моментално е лидер во оваа каегорија. На теренот во Чаир, црвено-црните се радуваа на крајот, а повратникот М.Ѓорѓиевски најзаслужен за освојување на трите бодови во дуелот со Шкупи.

Во наредниот период продолживме со одлични резултати, се до 10 коло кога непријатно бевме изненадени од екипата на Ренова на гости. Во тоа коло имавме убава можност со триумф да се вратиме на лидерската позиција, бидејќи нашите главни конкуренти за трофејот одиграа само нерешено во дуелите со своите противници. Успешно го заокруживме есенскиот дел од сезоната, со победа на Локомотива, против екипата на Милано. Тогаш  Марко Стојчески беше стрелец на еден од погодоците со ремек-дело од слободен удар. Гол разликата после првите 11 одиграни кола е 19 постигнати и 5 примени погодоци.

Сите резултати на пионерите во првенството, во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар- Работнички  1:0

2 коло: Победа- Вардар  0:4

3 коло: Вардар- Пелистер  4:0

4 коло: Еуромилк- Вардар 0:1

5 коло: Вардар- Шкендија  0:1

6 коло: Шкупи- Вардар 0:1

7 коло: Вардар- Академија Пандев 2:0

8 коло: Македонија Ѓ.П- Вардар  1:1

9 коло: Вардар- Металург  3:1

10 коло: Ренова- Вардар 2:0

11 коло: Вардар- Милано  2:0

Во куп дуелите немавме поголеми проблеми и со сигурни настапи ги поминавме двете пречки, до патот за полуфинале. Тука имавме четири победи од исто толку одиграни мечеви, со импресивна гол разлика од 13 постигнати и ниеден примен гол.

1/8 А.Пандев- Вардар  0:6

1/4 Вардар- Победа 3:0

1/4 Победа- Вардар 0:4

Најдобар стрелец во домашните натпреварувања е Јакуп Бериша. Се земаат вкупно головите од домашната лига и куп.

1. Јакуп Бериша  9 ( 5-првенство, 4-куп)

2. Марко Ѓорѓиевски  7 ( 4-првенство, 3-куп)

3. Алексанар Ѓорѓиески 4 ( сите во првенството)

4. Кренарт Дардлиша 4 ( 1-првенство, 3-куп)

5. Елвир Рамиќ 3 ( сите во првенство)

6. Кристијан Ристовски 2 ( во куп)

7. Марко Стојчевски и Милан Благојевиќ по еден постигнат гол.

Во изминатиов период пионерите одиграа и неколку пријателски натпревари и забележаа три победи и еден нерешен резултат. Совладани беа екипите на Борец (4:2), Работнички (4:0) и ССК Драчево (3:0) , додека ремизиравме со Шкендија (1:1). Најдобар стрелец во овој период беше Марко Ѓорѓиевски. Веќе момците се наоѓаат на заслужен одмор, пред стартот на подготвките за пролетниот дел од сезоната, каде ќе се атакува до крај на двојната круна.