Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Абутовиќ и Марсениќ, дел од Српската репрезентација на ЕП во Полска
Абутовиќ и Марсениќ, дел од Српската репрезентација на ЕП во Полска

Абутовиќ и Марсениќ, дел од Српската репрезентација на ЕП во Полска

Селекторот на Српската репрезентација, Дејан Периќ го објави конечниот список на 19-те ракометари, на кои ќе може да смета за претстојното европско првенство во Полска. На листата повикани за овој мундијал, се најдоа и двајца играчи на Вардар. Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ ќе бидат дел од Србија, на европското првенство во Полска. Двајцата ќе бидат главниот “одбранбен“ бедем пред противничките репрезентации, додека Марсениќ ќе понесе голем товар и на пикерската позиција. Инетресно е што Србија на ова првенство ќе настапи сигурно без своите најдобри играчи, Момир Илиќ од Веспрем и Марко Вујин од екипата на Кил. На голот на репрезентацијата се враќа Дарко Станиќ.

Србија се наоѓа во група заедно со Македонската репрезентација, уште и Франција и Полска. Голема борба ќе се води меѓу овие четири репрезентации за пласман во следната натпреварувачка рунда. Македонија и Србија, својот дуел ќе го одиграат на 19-ти јануари.