Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Арпад Штербик во ТОП-30 најдобри одбрани во ЛШ за 2015 година
Арпад Штербик во ТОП-30 најдобри одбрани во ЛШ за 2015 година

Арпад Штербик во ТОП-30 најдобри одбрани во ЛШ за 2015 година

ЕХФ направи преглед на најдобрите 30 одбрани во најголемото ракометно натпреварување за изминатава година. Во овој избор на два пати се најде и Вардаровиот чувар на мрежата, големиот Арпад Штербик кој оваа сезона одлично го брани нашиот гол.

Двојната одбрана на Арпад Штербик против Висла Плоцк на гостински терен, во 1/8 натпревар од лигата на шампиони, кога минатата сезона овие две екипи играа во оваа елиминациска рунда. Тогаш црвено-црните излегоа како конечни победници.

Вториот најдобар момент за Штербик е мечот од оваа сезона, во Јане Сандански и победата против Пик Сегед. Тогаш исто така Штербик имаше одлична интервенција, која влезе во најдобрите 30, за годината која полека изминува.

Видео од најдобрите 30 одбрани во ЛШ, можете да ги погледнете на линкот ТУКА.