ФК Вардар загуби уште еден екстра талент. Не знаеме кој точно е во низата, но ги има многу, за жал! Бесар Гуџуфи беше иднината на Вардар, но поради лошото функционирање на клубот беше приморан да си замине токму на почетокот на оваа година во Беласица. ,,ВАРДАР ФАНС” има многу текстови напишано за овој играч и за тоа дека се работи за екстра талент.. но, се е џабе!
Според турските медиуми Бешикташ и Трабзонспор му ,,фрлиле око” на талентираниот играч, а наводно се понудени нешто повеќе од 400.000 евра. Знаат што бараат турските гиганти!
Гуџуфи кој е роден 2004 година сезонава настапуваше паралелно за кадетскиот и младински состав на црвено-црните, а во есенскиот дел беше и најдобар стрелец на младинците. Во 2018 година дебитира и за националната репрезентација на Македонија, од тогаш континуирано добива повици во младинските категории на Македонија.
Сезонава имаше настап и за првиот тим на Вардар, во рамките на 1/16 финалето од Купот, кога успеа да погоди во пенал рулетот против екипата на Вардар Форино. Несомнено, Вардар загуби уште еден голем бисер, кој без никакво обештетување премина во друг клуб.