Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Новиот вардарец ја спушти ролетната!
Новиот вардарец ја спушти ролетната!

Новиот вардарец ја спушти ролетната!

Идниот чувар на мрежата на РК Вардар 1961, Мартин Томовски вчера ја имаше партијата на сезоната во Бундеслигата.

Со 17 интервенции, идниот чувар на мрежата на ,,црвено – црните” покажа дека се наоѓа во одлична форма. Сега теоретски се шансите на Лудвигсхафен за опстанокот по победата на гостувањето кај Ерланген со 19:24.

Несомнено, вардарци добиваат големо засилување помеѓу стативите за идната сезона. Да не заборавиме дека тука ќе биде и египетскиот репрезентативен голман Мохамед Есам Ел-Тајар.