Оваа „црна сезона“ денес заврши денеска со испаѓање во Втората лига после поразот со 0-1 во Струга, па на коло до крајот и теоретски црвено-црните одат во вториот фудбалски ранг. Во Струга долго беше 0-0, се до досудениот пенал за домашнаа екипа. До тој момент имаше теорија, Ренова беше во негатива, а ние атакувавме на погодок и ќе имавме шанса во последното коло да влеземе со надеж. Топката ја зема Марјан Алтипармаковски, кој во 67-та минута ја обезбеди победата за Струга, а со тоа стави печат на испаѓањето на вардарци.
ТАБЕЛА: Шкендија 71, Шкупи 57, Македонија ЃП 52, Струга ТЛ 51, Работнички 44, Пелистер 41, Борец 37, Силекс 36, Ренова 35, А. Пандев 35, Вардар 31, Беласица 17.