По репрезентативецот на Македонија Мартин Томовски, Вардар 1961 договори уште еден голман за идната сезона. Се работи за египетскиот репрезентативен голман Мохамед Есам Ел-Тајар кој доаѓа во Скопје на две-годишна позајмица од редовите на Ал-Ахли.
Дека се работи за фантастичен голман и дека ,,црвено – црните” добиваат екстра засилување помеѓу стативите покажа последното Светско првенство, каде Ел-Тајар бранеше маестрално. Наскоро очекуваме и официјална потврда од Вардар 1961.
Вардарци засега се засилија со Томовски, Чувара, Ѓукиќ, Кудуз и Гурбиндо.