Идниот чувар на мрежата на РК Вардар 1961, Мартин Томовски вчера ја имаше партијата на сезоната во Бундеслигата.
Со 17 интервенции, идниот чувар на мрежата на ,,црвено – црните” покажа дека се наоѓа во одлична форма. Сега теоретски се шансите на Лудвигсхафен за опстанокот по победата на гостувањето кај Ерланген со 19:24.
Несомнено, вардарци добиваат големо засилување помеѓу стативите за идната сезона. Да не заборавиме дека тука ќе биде и египетскиот репрезентативен голман Мохамед Есам Ел-Тајар.