Во недела (16.05) на програмата е последното 33.коло во рамките на ПМФЛ.
На градскиот стадион, Вардар е домаќин на тимот на Македонија Ѓ.П, на натпревар кој нема никакво резултатско значење за црвено-црните со оглед дека се наоѓаат на претпоследното место на табелата, кое води во втората лига.
Главен судија на дуелот ќе биде Фуркан Идризи (Тетово), додека негови помошници се Дарко Јовчевски (Тетово) и Хабиљ Љиворека. За четврти судија е назначен Јосип Бартон.
Натпреварот ќе започне од 16:00 часот.