Thursday ,14 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > БРАВО! ФИНАЛЕ….ЖРК ВАРДАР ГО ФРЛИ НА КОЛЕНА ЧАИР ВО КУПОТ И ОБЕЗБЕДИ МЕЧ ЗА ПЕХАР
БРАВО! ФИНАЛЕ….ЖРК ВАРДАР ГО ФРЛИ НА КОЛЕНА ЧАИР ВО КУПОТ И ОБЕЗБЕДИ МЕЧ ЗА ПЕХАР

БРАВО! ФИНАЛЕ….ЖРК ВАРДАР ГО ФРЛИ НА КОЛЕНА ЧАИР ВО КУПОТ И ОБЕЗБЕДИ МЕЧ ЗА ПЕХАР

Вардарки попладнево во Автокоманда ја совладаа екипата на PK Чаир во полуфиналето од Купот и обезбедија меч за пехар. Девојките на Ристова и Царчев сосема заслужено се пласираа во големото Куп финале. Победата дојде со резултат 31:27.

186173513_320411123045195_4682655059632134539_n

Тргна мечот без погодоци, ривалот погоди за 0-1 во 4.минута.  Вардар преку Михаела Стојановска изедначи на 1-1 во 5.минута кога за прв пат погодивме. Ривалот се држеше и се бореше се до 5-5, кога Ристова Драгана побара тајм-аут. Воедно во игра ги уфрли Катерина Дамјаноска која даде цврстина на одбраната и Миновска Сара која донесе креативност. Во 16.мунита беше 5-5, следеше пеколна серија на црвено-црните, кои погодија 7 пати паспроти само еден гол во мрежата на Илиќ која беше добра како и целата одбрана. За нас стрелаа Трпевска, Миновска и на крајот Сара Стефаноска која заби за 14-06 во 22.минута. Успеавме да ја исконтолираме играта на чаирчанки и на одмор да заминеме со предност од шест гола, 15-09.

186534366_320411203045187_7889579649362130542_n 186234141_320411039711870_18093072252760869_n

Вториот дел го отворивме со гол преку Трпевска за 16-09 по само 45.секунди ракомет. Во 39.минута поведовме со осум плус (21-13). Нашата одбрана беше на ниво, ново влезената Грујовска впиша одбрана, во напад награди Галевска. Дојде до мала криза во нашите редови, тоа го искористија девојките од скопската наслеба Чаир и влегоа во серија. Намалија на само 4 неатива (21-17) во 43.минута. Грујовска магично фати со нога, во напад атрактивно погоди капитенски, Диневска Бојана и го неутрализираа атакот на ривалот. Чаир виде дека нема што да изгуби и тргна на „се или ништо“ во последната четвртина од овој дуел. На 12.минути до крај дојдоа до 24-21 и се заканија, но нашите девојки не грешеа и успеаа да ги држат на дистанца. Во последните 10.минути влеговме со тајм-аут на ривалот и 26-22 на семафорот.Чаир ги извади последните атоми, намали на 26-23 и напаѓаше за минус два откако одлично се одбранија. Не успеаа, но во 54.минута намалија на 27-25 и внесоа голем немир во нашите редови. Катерина Дамјановска најпрвин стрелаше, потоа Михаела Стојановска украде, ракометар која денес многу допринесе, во напад тоа го награди Трпевска, од пенал. Во следната акција Михаела погоди за 30-25 во 58.минута и стави печат. На крајот, резултатот гласеше 31:27 за Вардар.

186507971_320410909711883_1727601806754538846_n 186286069_320410963045211_8264546664979855036_n

Дамјаноска имаше 6.гола, Стојановска и Трпевска погодија по 5.пати. Успешни во 4.наврати беа Галевска, Џатевска и Диневска, а Миновска незадржлива беше во 3.обида. Илиќ впиша 8.одбрани, a Грујовска сопре 2.топки.