Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > КУП ТИТУЛАТА Е ,,ЦРВЕНО – ЦРНА”, ДИБИРОВ СО ФЕНОМЕНАЛЕН ГОЛ ГО ОДЛУЧИ ПОБЕДНИКОТ
КУП ТИТУЛАТА Е ,,ЦРВЕНО – ЦРНА”, ДИБИРОВ СО ФЕНОМЕНАЛЕН ГОЛ ГО ОДЛУЧИ ПОБЕДНИКОТ

КУП ТИТУЛАТА Е ,,ЦРВЕНО – ЦРНА”, ДИБИРОВ СО ФЕНОМЕНАЛЕН ГОЛ ГО ОДЛУЧИ ПОБЕДНИКОТ

Ракометарите на Вардар 1961 дојдоа до нов Куп пехар! Во големото финале во Автокоманда ја совладавме екипата на Е.Пелистер. До шампионската круна во ова натпреварување дојдовме со резултат 26-24.

rk7

Финалето започна во стилот на вардарци. Со гол на Чупиќ од пенал. Потоа во петтата минута од дуелот преку Дисингер дојде шампионот на Македонија и на 3-1. Веќе во деветтата минута беа за одбележување највисоките плус четири за Вардар, 5-1 со голот на Јотиќ. Одличната игра на Вардар продолжи и кон средината на првиот дел. Дисингер беше расположен за игра, а Хендави немаше сили да ги спречи неговите удари кон голот, па така во 18.минута ,,црвено – црните” дојдоа и до високи плус шест, 10-4. Во продолжението Вардар го контролираше резултатот, па така во 24. минута имаше позитива од плус пет, 12-7. До крајот на првиот дел противникот успеа да поднамали малку од негативата со подобра игра во поле, но кога се чинеше дека успеа, во последните две минути имаше пад во играта, а тоа тим како Вардар знаеше да го искористи, па преку контрите на Дибиров и Јагуриновски, на полувреме Вардар замина со висок плус од шест гола, 16-10.

rk rk4

Во вториот дел добро отворивме со гол за 18-12, ја контолиравме играта и имавме комотна предност на почетокот. Потоа највеќе поради исклучувања противникот успеа да ја преполови нашата предност, дојдоа на минус три пред почетокот на последната третина од мечот. На семафорот во Автокоманда стоеше 18-15 за црвено-црните во 41.минута од оваа средба. Пелистер иако неколку пати губеше со шест гола успеваше да измогне сили и да напаѓа, намалија на критични два гола 19-17. Веднаш нашата клупа побара тајм-аут,  во 46.минута тренерот на Вардар ги собра момците со цел да ја прекине серијата на тимот од Битола. Јотиќ со неговиот трет гол во ова финале на 12.минути до крајот успеа да ја удвои предноста и стрелаше за 22-18 во корист на црвено-црниот тим. Чаневски го одржуваше противникот во игра, тој денес имаше двоцифрена бројка на одбрани. Двата тима имаа доста технички грешки во нападите, во последните моменти од овој последен дуел во најмасовното клубско ракометно напреварување. Во 58.минута по контра битолчани дојдоа на само гол негатива, а тренерот на Вардар веднаш реагираше и побара минута одмор. На минута до крајот погоди мајсторски Дибиров за два позитива најавувајќи победа за пехар. На крајот, погоди и Чупиќ за конечни на овој дуел 26-24 за Вардар.

ЧЕСТИТКИ ДО СИТЕ ЗА ОВАА КУП ТИТУЛА НА РК ВАРДАР 1961!