Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ е прогласен за МВП на Купот, Ристовски е најдобар голман
Чупиќ е прогласен за МВП на Купот, Ристовски е најдобар голман

Чупиќ е прогласен за МВП на Купот, Ристовски е најдобар голман

Вардар го освои првиот трофеј сезонава, откако денес во големото финале на Купот го победи тимот на Еурофарм Пелистер. Заслужен триумф на црвено-црните кои во текот на целиот натпревар имаа предност која ја задржаа до самиот крај, славејќи победа со резултат 26:24.

За МВП на завршниот турнир во Купот е прогласен вардаровиот играч, Иван Чупиќ. Тој денес беше најефикасен на теренот со 7 постигнати голови, а последниот гол на дуелот го постигна токму Чупиќ кој ја игра последната сезона во дресот на Вардар. Признанието за најдобар голман го доби Борко Ристовски, додека најдобар стрелец на Ф4 турнирот е играчот на Пелистер, Јосип Периќ.

186503197_156867419780514_8319983599291684079_n 186547958_156867673113822_3145747660871368171_n

Вардар го освои 14 трофеј во Купот, а до крајот на месецот ќе се обиде да ја обедини двојната круна.