Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ го подигна 14.трофеј во Купот за Вардар
Чупиќ го подигна 14.трофеј во Купот за Вардар

Чупиќ го подигна 14.трофеј во Купот за Вардар

Вардар стигна до 14 трофеј во Купот со победата во големото финале против екипата на Еурофарм Пелистер (26:24).

Честа да го подигне трофејот ја имаше Иван Чупиќ, кој ги игра последните натпревари во црвено-црниот дрес. Капитенот Стоилов му ја даде честа на Чупиќ да го подигне трофејот од Купот, а се надеваме дека истиов играч за кратко ќе се радува на уште една титула, онаа од домашната лига. На 20.мај, Вардар гостува во Битола и со победа може да се промовира во Шампион на Македонија.

1 2