Вардар го освои првиот трофеј сезонава, откако денес во големото финале на Купот го победи тимот на Еурофарм Пелистер. Заслужен триумф на црвено-црните кои во текот на целиот натпревар имаа предност која ја задржаа до самиот крај, славејќи победа со резултат 26:24.
За МВП на завршниот турнир во Купот е прогласен вардаровиот играч, Иван Чупиќ. Тој денес беше најефикасен на теренот со 7 постигнати голови, а последниот гол на дуелот го постигна токму Чупиќ кој ја игра последната сезона во дресот на Вардар. Признанието за најдобар голман го доби Борко Ристовски, додека најдобар стрелец на Ф4 турнирот е играчот на Пелистер, Јосип Периќ.
Вардар го освои 14 трофеј во Купот, а до крајот на месецот ќе се обиде да ја обедини двојната круна.