Вардар стигна до 14 трофеј во Купот со победата во големото финале против екипата на Еурофарм Пелистер (26:24).
Честа да го подигне трофејот ја имаше Иван Чупиќ, кој ги игра последните натпревари во црвено-црниот дрес. Капитенот Стоилов му ја даде честа на Чупиќ да го подигне трофејот од Купот, а се надеваме дека истиов играч за кратко ќе се радува на уште една титула, онаа од домашната лига. На 20.мај, Вардар гостува во Битола и со победа може да се промовира во Шампион на Македонија.