Ракометарите на Вардар 1961 немаа мака да го подигнат својот 14. трофеј во ракометниот Куп на Македонија. Во финалниот натпревар вчера уште од самиот старт водеа, го контролираа натпреварот, на крајот малку и се опуштија, но кога во своите редови имате врни ракометни професионалци тогаш работите си доаѓаат на своето место.
Вардарци имаа гол плус и напад на една минута до крајот. Како и во многу наврати кога се решавал натпревар, главната улога ја преземаат Дибиров или Чупиќ. Овој пат асистенција од Јотиќ доби Дибиров, кој со спектакуларен погодок го реши натпреварот.
Буквално вакви погодоци можат да постигнат само врните мајстори на оваа игра. Погледнете уште еднаш за каков гол станува збор, ТУКА.