Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Изјави послe големото финале: Пресуди искуството, Вардар заслужено го освои Купот
Изјави послe големото финале: Пресуди искуството, Вардар заслужено го освои Купот

Изјави послe големото финале: Пресуди искуството, Вардар заслужено го освои Купот

Во големото финале од Купот на Македонија, екипата на Вардар успеа да излезе како победник на дуелот со екипата на Еурофарм Пелистер. Црвено-црните стигнаа до триумф со резултат 26:24, на натпревар на кој постојано имаа предност, која во еден момент достигна и шест голови разлика. На тој начин, Вардар стигна до првиот трофеј сезонава, или вкупно 14-ти во Купот на Македонија.

Во продолжение можете да ги прочитате изјавите после освојување на трофејот, од шефот на стручниот штаб, Алушовски, како и од играчите кои освоија поединечни награди, тоа се Чупиќ кој е прогласен за МВП на Ф4 турнирот и од Ристовски кој доби награда за најдобар голман.

„Вардар е тим кој се стреми на највисоки дострели особено во Македонија како во првенството така и во Купот. Кажав после дуелот против Металург дека Вардар е фаворит, но знаев дека ќе биде исклучително тежок натпревар особено овој против Еурофарм Пелистер. Станува збор за екипа која навистина има добар тим и добар тренер. Работат навистина како што треба и беше неизвесно до крајот. Добро го отворивме натпреварот и имавме постојана предност во првото полувреме и имавме проблеми пред сè во нападот во играта 6 на 5 и тоа Пелистер знаеше да го казни и влеговме во неизвесна завршница. Сепак, индивидуалните квалитетни на играчите на Вардар го решија натпреварот”, истакна Алушовски.

Одигравме добар турнир. Дојдовме како фаворити на Ф4 турнирот и го оправдавме тоа. Финалето секогаш е тврдо. Имавме одлична одбрана и одличен голман во првото полувреме, како и лесни голови. Во вториот дел Еурофарм Пелистер го покажа својот квалитет и се врати во натпреварот и се бореше до крај. Ние сме заморени, но на крајот покажавме карактер и го задржавме водството и мислам дека заслужено го освоивме купот”, изјави Чупиќ.

Во поголемиот дел од средбата имавме контрола на резулатот. Имавме стабилно водство, а Еурофарм Пелистер не стигна бидејќи исто како и на првиот натпревар игравме со истите играчи и со мала ротација. Посебно во вториот дел од второто полувреме немавме сила и концентрација и правевме грешки кои обично не ги правиме. Еурофарм Пелистер можеше да се врати во натпреварот и да израмни, но Вардар е далеку поискусна екипа. Искуството си го направи своето и го доби овој натпревар. Сосема заслужена победа. Освен десетина минути во второто полувреме сè беше во знакот на Вардар”, изјави Ристовски.