Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лука Стојковски и Лео Андрески ја почувствуваа ПМФЛ, дебитирајќи во дресот на Вардар
Лука Стојковски и Лео Андрески ја почувствуваа ПМФЛ, дебитирајќи во дресот на Вардар

Лука Стојковски и Лео Андрески ја почувствуваа ПМФЛ, дебитирајќи во дресот на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар го одигра и последниот натпревар во ПМФЛ. На градскиот стадион, црвено-црните го пречекаа тимот на Македонија Ѓ.П од кој беа поразени со резултат 0:2.

Иако испаднавме од најсилната македонска лига, сезонава Вардар настапи со најмлад состав во ПМФЛ, промовирајќи голем број на млади играчи од Академијата на клубот. Во рамките на последното коло, своето деби го имаа голманот Лука Стојковски и офанзивниот играч, Лео Андрески.

Лука Стојковски конечно доби шанса да биде дел од првиот тим, се работи за голман кој веќе девет години е дел од најтрофејниот клуб во Македонија, а доаѓа од Куманово. Лука е поим за верност кон црвено-црниот дрес, играч кој нема испуштено ниту еден тренинг за овие години во Вардар, иако секојдневно патува. На 14 години беше првиот играч кој дебитираше на голот за младинскиот состав на Вардар, а вчера го бранеше голот на сениорскиот тим во текот на сите 90 минути. Лука исто така има настапи и за младинските репрезентации на Македонија. Се надеваме дека во иднина ќе го видиме и на голот на сениорската репрезентација на Македонија, едноставно заслужува со неговата посветеност, работа, но и љубовта кон фудбалот.

Лео Андрески е вториот играч кој имаше можност да дебитира за првиот тим, влегувајќи во игра во вториот дел од натпреварот. Се работи за играч кој петта година е дел од клубот, поминувајќи ги младинските категории на Вардар. Лео потекнува од школата Еврофудбал од Охрид. Континуирано напредуваше изминативе години преку настапите во младинските категории, па во последното коло доби шанса да ја почувствува и ПМФЛ.

Фото: Кочо Сотировски и Гол.мк