Вардар го освои првиот трофеј сезоната, а има шанси до крајот на сезоната да стигне и до втората титула во домашните натпреварување.
До крајот на сезоната во Супер-лигата остануваат уште пет натпревари, а Вардар е лидер на табелата со максимален број на освоени бодови. Во следното 10.коло на програмата е дербито во Битола, каде црвено-црните гостуваат кај екипата на Еурофарм Пелистер. Со евентуална победа на овој натпревар, Вардар и дефинитивно би ја заверил титулата во домашната лига.
Првиот натпревар одигран во С.Ц. Јане Сандански заврши со висок триумф на Вардар со резултат 35:27, па така Вардар со голема предност ќе го започне гостувањето кај екипата на Еурофарм Пелисер. И во случај да бидеме поразени на овој дуел, се останува во рацете на вардарци, кои на последните четири натпревари треба да забележат победа.
Во последните четири кола, не очекуваат два домашни и два гостински натпревари. Во нашата сала сме домаќини на Бутел и Металург, додека ќе гостуваме кај екипите на Пролет и Струга. На сите натпревари сме големо фаворити, па само чудо може да се случи да ја загубиме титулата.