До крајот на оваа натпреварувачка сезона за тимот на РК Вардар 1961 останува да одиграат уште пет натпревари во плеј-офот од Супер лигата, како и осминафиналниот двомеч против екипата на Металопластика, во рамките на СЕХА-лигата.
Вардар1961 и Металопластика се договорија своите две средби од осмина-финалето да ги одиграат во Скопје, на 7 и 8 јуни.
Првата средба е закажана за 7 јуни со почеток во 17,30 часот.
Следниот ден, на 8 јуни ќе се игра у вториот меч, повторно во 17,30 часот.
Ова ќе бидат и последни дуели за црвено-црните во претстојнава сезона. Со оглед дека сме големи фаворити на дуелот со Металопластика, не би требало да претставува проблем да се пласираме во 1/4 финалето, дуели кои се закажани за месец август, додека на почетокот на месец септември е планиран завршниот турнир во СЕХА.