Нашиот атлетичар, Петре Завировски одново покажува фантастични перформанси. Викендов, сабота 15 мај со почеток во 11 часот на националната арена Филип Втори Македонски се оддржа атлетскиот митинг светски ден на атлетиката.
Единствен од Вардар кој настапи беше Завировски и истрча феноменална трка. Патеката долга 3.000 метри ја мина за 9 минути и 47 секунди што претставува трет негов најдобар резултат во кариерата во оваа дисциплина. Да потсетиме претходно во 2017г трчаше 09:38 и во 2016 година трчаше 09:32. Ова е почеток на нов драматичен подем на Завировски. Оваа сезона ова е негов 4-ти настап. Исто така на претходните 3 истрча добри резултати.
Следен настап на Завировски е на 23 мај во градот на поезијата, Струга на патека долга 10 километри. Со сигурност можеме да очекуваме нов фантастичен настап на вардарецот кој од ден на ден е се подобар.