Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дербито низ директен пренос, ЖРК Вардар го пречекува Металург во среда
Дербито низ директен пренос, ЖРК Вардар го пречекува Металург во среда

Дербито низ директен пренос, ЖРК Вардар го пречекува Металург во среда

По завршениот настап на Купот каде дојдовме до „сребро“ голем предивик го очекува ЖРК Вардар и во домашната лига. Задутре, среда 19.мај сме домаќини во дербито на Металург. Овие два тима се борат за втората позиција зад лидерот и се поизвесно шампионот во лигата тимот на Куманово. 

Натпревеварот се игра со почеток во 14-30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.  Во моментов имаме 4.бода повеќе од сино-белите, но и еден натпревар повеќе одиграно оваа сезона. Покрај тоа гостуваме и во Куманово за викенд, па доколку сакаме како и во Купот така и во лигата да ни „гледаат во грб“ потребна е победа на оваа средба против тимот од Автокоманда.

Поради важноста и атрактивноста на дуелот од овој натпревар црвено-црните ќе обезбедат директен пренос преку видео стрим. Истиот ќе го поставиме на нашиот сајт на денот на одигрување на овој првенствен дуел до 22.коло во женската Супер лига.