Monday ,16 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Сакаме со победа во Битола да ја завериме титулата
Дибиров: Сакаме со победа во Битола да ја завериме титулата

Дибиров: Сакаме со победа во Битола да ја завериме титулата

Во големото финале од Купот на Македонија, екипата на Вардар успеа да излезе како победник на дуелот со екипата на Еурофарм Пелистер. Црвено-црните стигнаа до триумф со резултат 26:24, на натпревар на кој постојано имаа предност, која во еден момент достигна и шест голови разлика. На тој начин, Вардар стигна до првиот трофеј сезонава, или вкупно 14-ти во Купот на Македонија.

Дибиров го истакна задоволството од освоениот трофеј, потенцирајќи дека Вардар ќе оди на двојна круна.

„Многу сме среќни затоа што освоивме титула. Водевме во поголемиот дел од натпреварот со шест разлика, но потоа следеше мал пад на концентрацијата, ама на крај важен е резултатот. Купот е наш и тука не се гледа на разликата, дали ќе победиш еден, два или десет разлика. Среќни сме затоа што сакаме да освоиме се во Македонија. Од друга страна, сакам да им честитам на ракометарите на Еурофарм Пелистер кои покажаа карактер, ама нашите играчи покажаа зошто го носат дресот на Вардар. Секој натпревар е различен, не знам што ќе следи од мечот во Битола, но сакаме да победиме и таму и да ја завериме титулата, истакна Дибиров.