Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Михаела Стојановска прв стрелец за ЖРК Вардар на Ф-4 во Купот
Михаела Стојановска прв стрелец за ЖРК Вардар на Ф-4 во Купот

Михаела Стојановска прв стрелец за ЖРК Вардар на Ф-4 во Купот

Зад нас е завршницата  во Купот, на Ф-4 турнирот ЖРК Вардар дојде до „сребро“, ние сме втора најдобра екипа во Македонија во ова натпреварување. Што е своевиеден успех бидејќи имавме најмлад ростер од сите четири екипи кои  земаа учество на завршницата во Автокоманда.

Црвено-црните дами постигаа 49.погодока на двата напревари, успеаа да обезбедат финале по победата над Чаир. По дуелот за пехар и поразот од Куманово дојдовме до „сребро“. Илиќ ја доби наградата за најдобар голман на турнирот. Кога сме кај стрелците на оваа завршница едно ново име исплива на површина, девојката која оваа сезона го засили тимот на Ристова и Царчев и која полека се наметнуваше како стандарден првотимец.

miha3

Михаела Стојановска многу работи за тимот во лигата, а исто така одигра на ниво и во Купот. Нашиот играч со број „55“ беше прецизна од игра, но и сигурна од 7.метра каде имаше 100% ефект. Вардаровиот бек е прв стрелец на Ф-4 во нашиот тим и единствена двоцифрена, таа погоди 10.пати на овие два меча. Трпевска Ивона е зад неа со 8.гола, а Диневска Бојана и Џатевска Ивана стрелаа умешно по 6.пати.

Листата на стрелци на Ф-4 завршниот турнир изгледа вака:

1. Михаела Стојановска 10.гола

2. Трпевска Ивона 8.гола

3/4. Диневска Бојана 6.гола

3/4. Џатевска Ивана 6.гола

miha2

5/6. Галевска Марија 5.гола

5/6. Катерина Дамјаноска 5.гола

7. Миневска Сара 3.гола

8. Стефаноска Сара 2.гола

9. Попова Јасмина 1.гол

10. Лазаровска Михаела 1.гол.