Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Арбитражната комисија потврди, КК Вардар испаѓа во 2.лига
Арбитражната комисија потврди, КК Вардар испаѓа во 2.лига

Арбитражната комисија потврди, КК Вардар испаѓа во 2.лига

Младите кошаркари на  МЗТ Скопје УНИ Банка и официјално остануваат во Првата кошаркарска лига. Ова доаѓа откако Арбитражната комисија при Кошаркарската федерација на Македонија ја одби жалбата на КК Вардар за службената победа на „штркчињата“.

Вардар се жалеше на одлуката на комесарот Александар Милојевиќ кој додели службена победа на вториот меч од плејаутот на МЗТ Скопје УНИ Банка. Со ова е ставен крај на битката за останување во елитата и официјализиран триумфот на нашиот младински состав над Вардар со 2-0 и обезбедување трета сезона во друштво на најдобрите во македонската кошарка.  Тимот од Аеродром доби службена победа во вториот меч од плеј-аут,  напревар кој го загуби на теренот, овој триумф  автоматски значеше задржување на прволигашкиот статус.