Денес, сабота, во рамки на 23.коло од женската Супер ракометна лига, црвено-црните играат ново дерби. ЖРК Вардар гостува кај екипата на Куманово во истоимениот град. Ова е натпревар на првопласираните две екипи по одиграни 22.рунди. Домаќинот е благ фаворит, тие го освоија Купот оваа сезона, во лигата се без пораз и со само едно реми она против избраничките на Ристова и Царчев во Јане Сандански.
Натпреварот е закажан со почеток во 18-30 часот во салата „Перо Наков“.