Генерацијата 2006 на ФК Вардар одигра контролен натпревар против генерацијата 2005 на Кул. Момците на Милан Коцески дадоа отпор на противникот кој на крајот славеше победа со резултат 5:2. Ова беше силен тест за вардаровите надежи, со оглед дека играа против повозрасната екипа на Кул, која важи за една од најдобрите во Македонија во генерацијата 2005.
Погледнете ја фотогалерија од овој пријателски дуел кој се одигра на Цементарница.