Македонската фудбалска репрезентација до 19 години го загуби првиот контролен натпревар против селекцијата на Бугарија.
На дуелот кој се одигра во Правец, славеше минимално репрезентацијата на Бугарија (1:0) со погодок во вториот дел од натпреварот. Двете репрезентации ќе одиграт уште еден тест натпревар кој е закажан за во сабота.
Дел од македонската репрезентација за овие контролни дуели се и неколку играчи од Вардар. Тоа се Гоце Јовчев, Филип Ѓоргиевски, Петар Давидовски, Антонио Мирков и Грегори Давков.