Вчера во салата „Круме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода, свој контролен дуел одиграа девојките од кадетската селекција на ЖРК Вардар и младите момци од тимот на КЛ-7. Ова беше натпревар за подобрување на напреварувачата форма на „лавиците“. Две кратко видеа погледете ОВДЕ!
Девојките на Платон Анжела и Папуџиева Марија претходно во истата сала за викендов одигра дуел со кадетскиот женски тим на КЛ-7. Вардарки се во режим на „засилени подготовки“ бедејќи не очекува се поизвесно настап во скратената форма на кадетскатА и младинската лига која на програмата треба да биде овој месец. Овој тим треба да ги брани боите во двете лиги, распоредот ќе биде густ и напорен, вистински предизвик ги очекува црвено-црните девојки кои се желни за настап. Во март 2020 година пред почетокот на пандемијата е нивни последен официјален натпревар.
Долго и пеколно лето престоии пред оваа генерација покрај лигашките предизвици ги очекува (дел од девојките) настап на ЕХФ-шампионатот 2021 за кадетки каде ќе бидат дел од мак.селекцијата, за која за жал се уште многу прашања се отворени, како селектор, список, план за подготовки и.т.н