Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Македонија 19 загуби од Бугарија, дел од националната репрезентација се и вардарови играчи
Македонија 19 загуби од Бугарија, дел од националната репрезентација се и вардарови играчи

Македонија 19 загуби од Бугарија, дел од националната репрезентација се и вардарови играчи

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години го загуби првиот контролен натпревар против селекцијата на Бугарија.

На дуелот кој се одигра во Правец, славеше минимално репрезентацијата на Бугарија (1:0) со погодок во вториот дел од натпреварот. Двете репрезентации ќе одиграт уште еден тест натпревар кој е закажан за во сабота.

Дел од македонската репрезентација за овие контролни дуели се и неколку играчи од Вардар. Тоа се Гоце Јовчев, Филип Ѓоргиевски, Петар Давидовски, Антонио Мирков и Грегори Давков.