Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Пеколен викенд во битката за пехар на Вардар-А, во сабота дерби со Макпетрол, во недела ново дерби со ГТЦ
Пеколен викенд во битката за пехар на Вардар-А, во сабота дерби со Макпетрол, во недела  ново дерби со ГТЦ

Пеколен викенд во битката за пехар на Вардар-А, во сабота дерби со Макпетрол, во недела ново дерби со ГТЦ

Вардар (А) на табелата во Македонската кугларска лига по 9.коло е лидер со 14.бода, бод пред конкурентот Макпетрол. Вистински пекол го очекува тимот кој на кормилото го има Митиќ Бранко. Викендов ќе се соочиме со два тешки ривали, играме два дерби дуели, потребни се две победи ако сакаме да дојдеме до шампионската круна која прв пат е на дофат. Вака изгледаат саатниците за дерби дуелите и за напреварот на Вардар-Б:

-Вардар(А)- Макпетрол 10:00 часот (сабота)

-КК ГТЦ Мусандра-Вардар(А) 10:00 часот (недела)

- Вардар(Б)-ЖКК ГТЦ 17:00 (понеделник)

-Сите натпревари ќе се одиграат во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје.