Како што и претходно најавија од таборот на РК Вардар 1961, вчера ја завршија сезоната во домашното првенство и веднаш закажаa прес-конференција. Истата е закажана за утре во 14 часот. На неа, најверојатно, ќе биде претставен Веселин Вујовиќ како нов тренер, третпат во клупската историја.
Во известувањето се вели:
„Ракометниот клуб Вардар 1961 ве поканува на прес-конференција што ќе се одржи на 4 јуни 2021 година (ПЕТОК) во 14 часот во салата за прес-конференции во СЦ „Јане Сандански“. На прес-конференцијата ќе биде присутен претседателот на клубот, Михајло Михајловски.
Треба да напоменеме дека вчера, на дуелот на ,,црвено-црните” против Металург, Михајловски и Вујовиќ седеа еден до друг.