Thursday ,19 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Диси, беше одличен, секое добро понатаму!
Диси, беше одличен, секое добро понатаму!

Диси, беше одличен, секое добро понатаму!

Вардар 1961 се раздели со уште еден ракометар од шампионската генерација. Германскиот интернационалец Кристијан Дисингер по три сезони минати во ,,црвено – црниот” дрес го напушта најтрофејниот ракометен тим од Македонија.

Дисингер на 11.10.2018 година официјално беше најавен како големо засилување за ,,црвено – црните” од редовите на Кил и потпиша двегодишен договор. Учествуваше во големата титула во 2019 година над Веспрем во Келн и стана уште еден играч од Германија што освоил ЛШ. Повредите го спречија да го покаже сијот свој потенцијал, но и те како допринесе во одличната сезона на Вардар, онаа во 2019 година.

Дисингер по три прекрасни години минати во Скопје, заминува во екипата на Динамо Букурешт, а ние му посакуваме се најдобро понатаму и еден ден да се врати во Скопје и во Вардар по уште титули.

Среќно и фала ти за се – ДИСИ!