Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Кизиќ со 17 одбрани се „одјави“ од Вардар
(ВИДЕО) Кизиќ со 17 одбрани се „одјави“ од Вардар

(ВИДЕО) Кизиќ со 17 одбрани се „одјави“ од Вардар

Вардар со двете победи против Металопластика обезбеди пласман во 1/4 финалето на СЕХА-лигата.

Црвено-црните славеа и на вториот натпревар кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански, со резултат 26:23.  Ова беше последен дуел во црвено-црниот дрес за неколку играчи, меѓу кои и младиот голман, Марко Кизиќ, кој на најдобар можен начин се збогува од Вардар, клубот во кој израсна поминувајќи ги сите младински категории.

Кизиќ имаше неверојатен натпревар на голот, завршувајќи со неверојатни 17 одбрани. Сите интервенции на Кизиќ можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.