Играчите на Вардар, Стоилов, Чупиќ, Дибиров и Георгиевски испратија поддршка до македонската фудбалска репрезентација која за неколку дена стартува со настапи на Европското првенство. Вардарци знааат како е да се биде на врвот на Европа, па нивната порака треба да биде само мотив поголем за репрезентативците на Македонија кои со самиот пласман на едно ЕП направија историја за својот народ, а се надеваме дека и далеку ќе стигнат на ова натпреварување.