Во тек е Азиското првенство што се игра во Саудиска Арабија од 12 до 21 јуни. За Кувајт Клуб од Кувајт настапува нашиот иден голман Али Сафар кој бележи добри партии, исто како и неговиот тим.
Сафар денес запиша 14.успешни одбрани (еден седмерец), во високата победа на својот тим од 34-18. Засега тимот на Сафар има три победи од исто толку натпревари и најавува одлично првенство.
Да напоменеме дека во тимот на Кувајт Клуб настапуваат и двајцата поранешни играчи на Вардар, Вук Лазовиќ и Стеван Вујовиќ.