Вчера се одигра и последниот натпревар за кадетите на РК Вардар 1961 на квалификацискиот турнир во Автокоманда. Последен ривал на овој младински турнир ни беше екипата на РК Пролет која дојде до успех на оваа средба.
Вардаровите кадети влегоа во костец со младинскиот тим на Пролет од самиот почеток, ние бевме постојано околу резултатската симетрија со повозрасниот ривал. Дуелот започна со по три гола во двете мрежи за почетни, 3-3. По 15.минути игра повторно беше реми, со гол од пенал крилото, Матеј Трајановски изедначи на 7-7 во тие моменти. Како што се играше првиот период така и заврши со реми исход, на одмор се замина со резултат 12-12.
Во вториот дел на натпреварот од последното 5.коло на овој младински турнир кој се играше во Автокоманда, нашиот ривал успеа да го скрши отпорот на младите црвено-црни момци и да ги совлада со три гола. Се играше напорно за 3 дена избраниците на Петковски одиграа дури 5.напревари, честитки за залагањето. Тимот на Пролет вчерашниот дуел го доби со конечни 22-19.
Од натпреварот може да се погледне видео од целиот негов тек-ТУКА!