Денес, повторно сите погледи се вперени во Букурешт, каде македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра својот втор натпревар на Европското првенство. Противник ни е репрезентацијата на Украина, натпревар кој ќе стартува од 15:00 часот.
Македонските навивачи и понатаму во голем број се „стационирани“ во Букурешт, каде секојдневно го преплавуваат главниот град на Романија, во очекување на новите натпревари на својата земја.
Ви пренесуваме едно видео од вчерашниот ден, каде се слуша популарната македонска песна „Ој вардаре македонски“. Видеото погледнете го на линкот, ТУКА.