Познати се нови две екипи кои ќе се натпреваруваат во Лигата на Шампионите од новата натпреварувачка сезона. Тоа се екипите на Алборг и ППД Загреб, па сега бројот на екипите порасна на вкупно десет.
Вардар повторно ќе го гледаме во Лигата на Шампионите, а сигурни учесници се уште и екипите на Барселона, ПСЖ, Пик Сегед, Киелце, Порто, Кил и Фленсбург.
Останатите шест учесници ќе се бараат преку вајлд карта.