Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > КК Вардар М14 освои „сребро“ на Ф-4 турнирот
КК Вардар М14 освои „сребро“ на Ф-4 турнирот

КК Вардар М14 освои „сребро“ на Ф-4 турнирот

Во финалето на М14 лигата, Партизан Водно Санс му се реваншираше на Вардар за поразот во „повисоката“ лига, славеше со (92:83). Екипите кои се бореа за шампионската титула во М15 лигата, Вардар и Партизан Водно Санс се сретнаа и во една година „пониската“, М14. Црвено-црните момци освои „сребро“ на оваа завршница.

Екипата на Партизан Водно Санс е победник во натпреварите од М14 лигата. Последните 40.минути во оваа сезона многу подобро ги одиграа младите кошаркари на Партизан Водно Санс. Уште во првиот период направија големи (30:13). Но упорните „вардарци“ немаа намера да се предадат. До крајот на првата четвртина намалија на десет поени негатива. А по нецели пет минути од втората, нивното заостанување беше само пет поени (32:37).

m14a

Имаа и -2 (46:48), но последните три поени беа за „црно-белите“ кои го одбранија вардаровиот налет. На одмор отидоа со позитива од пет поени (51:46). Во голема мерка по заслуга на двоецот Јаничиќ (19) и Ивановски (13.поени).

На другата страна одговорија Сопрановски, кој реализираше 17, и Најков, кој го испрати со 14.

Финалето продолжи во ист стил и кога двете екипи се одморија. „Вардарци“ постојано притискаа, и се закануваа да направат комплетен пресврт. Беа и на „пола кош“ зад противникот (56:57), потоа и (60:61) во 27.минута од играта.

m14s

Но „црно-белите“ одговорија уште еднаш. Преку својот двоец, Јаничиќ-Ивановски, се вратија на плус од осум поено (71:63), за тој возбудлив трет дел од финалето заврши со водство на Партизан Водно Санс од (73:65).

Ништо не се промени и во четвртината на одлука. Имаа „црно-белите“ двоцифрени (76:65). „Побегнаа“ и на (83:70)… Недостижни за ривалот.