Младинскиот репрезентативец на Македонија, Анатолиј Петејчук заминува од редовите на Вардар, дознава ,,Вардар Фанс”.
Младиот крилен играч иако потпиша две и пол годишен договор пред една година, сепак порано го напушта таборот на ,,црвено – црните” и во новата натпреварувачка сезона ќе има нов клуб. Петејчук изминатава сезона одигра 11 првенствени натпревари и постигна еден погодок, оној против Работнички на три кола пред крајот на сезоната.
Покрај него, сеуште е неизвесно дали во клубот ќе остане младиот и талентиран дефанзивец Мартин Радуловиќ-Величковиќ кој наскоро треба да ја донесе својата одлука каде ќе игра во новата натпреварувачка сезона.