На списокот од 25.девојки за македонската одбојкарска репрезентација до 19 години дури една петтина се девојки од ЖОК Вардар ЕМ. Одличните настапи во кадетскиот и младинскиот шампионат на нашиот тим оставија впечаток, исто така покрај тоа има и тренер од црвено-црниот табор на овој поширок список за подготовки за селекцијата.
Младинската селекција на Република Македонија се подготвува за предизвик кој ќе се одржи кај нашиот северен сосед. Од 29-ти месецов до 3-ти јули во Република Србија ќе се одржи балканскиот шампионат за одбојкарки У19.
Станува збор за една младинка и четири кадетки од нашиот црвено-црн состав и тоа:
Јана Балов – младинка,
Ана Јаничиќ – кадетка,
Марија Василевска -кадетка,
Теодора Шукулоска -кадетка,
Зорана Станковска -кадетка.
Тренер Емилија Јаничиќ.