Втор пораз за македонската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 година. Оваа репрезентација која е предводена од Тони Јакимовски се наоѓа на турнир во Италија, каде вчера го одигра и вториот контролен натпревар.
За разлика од првиот дуел, кога бевме убедливо поразени од репрезентацијата на Русија, на вчерашниот дуел нашите млади надежи прикажаа подобра игра, но недоволна да се избегне и вториот пораз. Подобри од нас беа репрезентативците на Словенија, кои славеа минимално со резултат 1:0.
На овој натпревар повторно стартер беше вардаровиот играч, Марко Стојилевски, додека Никола Величковски влезе од клупата за резерви во вториот дел од натпреварот.
За трофејот на турнирот ќе се борат репрезентациите на Русија и Словенија, додека Македонија и Албанија ќе играат во малото финале.